Новата фабрика за автобуси во Бунарџик бара работници

Bez autora
Feb 18 2013

Белгиската компанија „Ван Хол“ бара кадар за 35 работни места во својата фабрика „Ван Хол Македонија“, што ја гради во Технолошко-индустриската развојна зона - Скопје 2 во Бунарџик. Белгискиот инвеститор, кој во новиот капацитет ќе произведува автобуси за меѓународни пазари, бара работници од техничките насоки за разновидни позиции, тим лидери, заварувачи, столари, електричари, механичари, контролори, координатори, асистенти... Минимум услов за дел од работните позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока, и соодветно работно искуство, за некои одлично познавање англиски јазик, а за некои завршено високо образование. Според најавите од инвеститорот, новиот капацитет на „Ван Хол“ се очекува да почне да произведува автобуси во првиот квартал годинава.

Новата фабрика за автобуси во Бунарџик бара работнициБелгиската компанија „Ван Хол“ бара кадар за 35 работни места во својата фабрика „Ван Хол Македонија“, што ја гради во Технолошко-индустриската развојна зона - Скопје 2 во Бунарџик.

Белгискиот инвеститор, кој во новиот капацитет ќе произведува автобуси за меѓународни пазари, бара работници од техничките насоки за разновидни позиции, тим лидери, заварувачи, столари, електричари, механичари, контролори, координатори, асистенти...

Минимум услов за дел од работните позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока, и соодветно работно искуство, за некои одлично познавање англиски јазик, а за некои завршено високо образование.

Според најавите од инвеститорот, новиот капацитет на „Ван Хол“ се очекува да почне да произведува автобуси во првиот квартал годинава. Целта на белгискиот инвеститор е да ја реализира американската нарачка од 400 автобуси од која првите 50 треба да се извезат од погоните на фабриката веќе до крајот на 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik